Артета сака во Арсенал да го донесе Локатели

– Лидерот во Премиер лигата, Арсенал е подготвен да го ангажира играчот од средниот ред на Јувентус, Мануел Локатели ова лето.

Според „Калчомеркато“ , тренерот на „Топчиите“ Микел Артета е заинтересиран за трансфер на играчот. Тој планира да ја засили линијата од средниот ред на тимот.

Јувентус го купи Локатели од Сасуоло за 33,5 милиони евра. Оваа сезона 25-годишниот Италијанец одигра 25 натпревари за торинскиот клуб и нема постигнато гол. 

Вредноста на играчот според порталот Трансфермаркт се проценува на 30 милиони евра.