Артета ја слави јубилејната, 100-та победа со Арсенал

 Арсенал попладнево го го совлада Фулам со 3:0 во натпреварот од 27. коло на шампионатот на Англија. Победата беше 100-та за за менаџерот на „Топчиите“, Микел Артета.

Вкупно под водство на шпанскиот стручњак лондонскиот клуб одигра 167 натпревари на кои 24 пати ремизираше, а 43 загуби.

Артета е во Арсенал од летото 2019 година. Заедно со него, тимот го зеде Купот и Суперкупот на Англија.

По 27. кола во Премиер лигата, Арсенал е лидер на табелата со 66 бода, пет повеќе од второпласираниот Манчестер сити.