Атрактивната водителка се пофали дека спиела со осум фудбалери на Реал Мадрид и Барселона – Убавата Самира откри кои се подобри и спомена неколку звучни имиња!

Телевизиската водителка од Аргентина, Самира Саломе е една од девојките кои по природата на работата биле блиски со фудбалските мега-ѕвезди.

Родена е во Аргентина, од татко од Либан и мајка од Франција, а таа во родната земја беше учесничка и во неколку ријалите шоуа а воедно така ја стекна и нејзината голема популарност и слава.

Но, соработката на деловен план со фудбалери не и била доволна, па поради дополнителна слава и популарност решила да влезе во љубовни врски со некои од нив.

А кога беше обелоденето, во Шпанија настана голем скандал. Самира во една ТВ емисија откри дека спиела со осум играчи на Барселона и Реал Мадрид. Таа не сакаше да ги открие имињата на сите играчи, но кажа две звучни имиња – Карим Бензема (Реал Мадрид) и Марк Бартра (Барселона).

Таа привлече голем публицитет и со приказната дека го одбила можеби најдобриот мотоциклист во историјата, Марк Маркез, кој побарал да ја запознае во неколку наврати.

Самира сега има 32 години и до неодамна беше учесничка во реалното шоу „Куќа на познатите“ во Мексико.