Атрактивна фудбалска судијка држи лекции по навивање за омилениот клуб: Љубовта кон Милан ја изразила со своите бујни облини на плажа – социјалните мрежи во ‘транс’ (фото)

Италијанската манекенка Клаудија Романи е позната како една од најубавите жени во светот, а позната е и како голема навивачка на фудбалскиот клуб Милан. Пред речиси девет години, италијанската манекенка ги промени модните писти за фудбалски терени и стана судија.

Клаудија Романи и нејзината колешка Бејбе Марта сега решија да позираат во бикини на плажа пред големиот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Милан и Наполи.

Клаудија Романи и Бабе Марта

Иако Наполи игра фантастично оваа сезона, има една пречка која не можат да ја надминат, а тоа е Милан. Натпреварот заврши со резултат 1:1, а со оглед на тоа што голот на Осимхен дојде предоцна, Милан со 1:1 од овој натпревар и вкупни 2:1 се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Инаку, Клаудија Романи е италијанско-американска манекенка која ги красела насловните страници на бројни списанија, како GQ и Maxim. Во 2006 година, FHM Denmark ја прогласи за една од 100-те најсекси жени во светот. На социјалнаа мрежа Инстаграм ја следат 1,3 милиони луѓе, каде често ги почестува своите обожаватели со многу предизвикувачки и атрактивни фотографии.