Ахмети на средба со жените од Тетово, во организација на ДУИ

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети заедно со соработниците вечерва се сретна со жени од Тетово во организација на Унијатаta на жени на ДУИ во градот Тетово. Покрај Ахмети, говори имаа и потпретседателката на ДУИ, Арбана Пашоли, генералниот секретар Фатон Ахмети, пратеничките Рина Ајдари и Фиснике Бектеши-Шаќири, како и претседателката на Унијата на жени во Тетово, Мерита Мустафаи.

 Али Ахмети – претседател на ДУИ

 Јас сум на мислење дека мажите и жените заедно се избориле за да има мир, затоа застапеноста на жените треба да биде што поголема и да не се базира само на тие пропорционални поделби што се напишани. Многу теории се напишани и кажани, како нпр. на  Чубриловиќ, кои велеа дека треба да се убиваат мајки Албанки, а не само синови и сопрузи, затоа што овие мајки родиле херои кои биле причина за неуспехот на нашите освојувачи. Поминавме низ различни режими, од она што албанската жена останува во темница, многу зборови од типот: Не ги воспитувајте оти излегува од иманот(вербата), убивајте жени и многу слични работи, па нашата нација доживеа безмилосни режими на нејзините раменици. Значи, мажите и жените рамо до рамо, имаме обврска да работиме и да се бориме за жените со еднакви права како што ви одговара. Не водиме кампања, но немањето средби е забележано уште од времето на пандемијата, па се враќаме на традиционалните средби. Се наоѓаме во ситуација кога се бара решение, како што имавме проблем со името, сега имаме и со уставните измени, така и општеството на нашите сограѓани стана многу политизирано. Македонските публицисти пишуваат писма како да не сум за поддршка на моите сограѓани. Грешат, затоа што јас ги поддржував и ги поддржувам, затоа што во НАТО не сме поделени туку заедно, во ЕУ ќе бидеме заедно, затоа мора заедно да ги решаваме проблемите. Имам разговарано и за историските проблеми со нашите политички партии,  кажав да размислите и да направите научна проценка на состојбите, бидејќи ништо не се изгуби ниту од Охридскиот договор, ниту од Договорот од Преспа, напротив, добивме членство во НАТО, значи со договорот со Бугарија ништо не губиме, напротив го легитимираме идентитетот на нашите сограѓани. Со членството во ЕУ победуваме, бидејќи создаваме услови да ја запреме миграцијата и да ги вратиме нашите луѓе кои заминаа. Досега одржавме многу средби во рамките на оваа агенда, дадовме и добивме мислења од многу луѓе, но можам да кажам дека направивме многу голема работа, бидејќи денес имате Албанци на водечки позиции, на позиции со целосна одговорност. Посакувам да започнат работите за Коридорот 8 затоа што имаше административни доцнења, и за „Пат на Арбанот“(Rruga e Arberit), за делницата на Скопје-Блаца и за проектот ЕБОР во Кичево. Горд сум на тимовите кои ги водат овие работни места. Светската криза не погоди и нас, но благодарение на знаењето и подготовката на нашите тимови, ги надминавме овие проблеми

 Арбана Пашоли – потпретседателка на ДУИ

Јас сум дебарчанка. Јас сум родена и живеам таму. Горда сум што Дебар изнедри образовани жени, вклучени во придонесот за општеството, уметноста итн. Меѓу нас имаме и многу дами, со многу различни професии. Ви благодариме за вашиот придонес! Професионалното усовршување бара максимална посветеност, ние сме жени, сестри и пријатели, но сме и глава на семејства и професионалци во нашите професии. Ние сме во состојба да им дадеме пример на помладите генерации. Првите модели од кои се школува една девојка се најблиските жени во семејството, соработничките и пријателите, затоа верувам дека секој наш успех не е случаен, бидејќи тоа е влијанието на секоја жена во нашите животи. Ова што сум денес е благодарение на татко ми, кој не ме спречи да ги остварам моите соништа. Се школував во Америка, и покрај одлуките што ги донесов! Секогаш мора да покажеме и докажуваме што значи да се биде успешна и силна жена. Јас сум мајка на два сина и чувствувам одговорност да ги едуцирам моите синови да гледаат девојки со благодарни очи, како силни и независни. На мој начин дадов се од себе, да ги мотивирам нашите девојки да се прифатат такви какви што се и да докажат колку се способни, рече Пашоли.

Фатон Ахмети – генерален секретар на ДУИ

Вредностите на Форумот на жените во близина на нашето политичко семејство биле и се една од најсилните страни што ги има ДУИ. Улогата на жената во партијата останува силна, бидејќи веруваме во капацитетите и интелектуалните моќи на Албанките. Во текот на овие недели имавме многу средби под мотото „Заедно за Европа“, а секако и вие почитувани дами сте дел од нашето патување кон интеграција на земјата, кон уште поклучна улога на вашиот глас и вашите вредности, нагласи Ахмети.

Рина Ајдари – пратеничка

Незастапеноста на жените ги поткопува демократските вредности, бидејќи жените играат главна улога во политиката. Во нашата политика мора да ги браниме репрезентативните квоти за жените во институциите или политиката. Политиката на нашиот лидер ги постави темелите за застапеност на жените во политиката. Жените во политиката се вредност за демократијата, тие претставуваат соработка и дијалог. Многу работи што мажите во политиката не можат да ги извршуваат, ги вршат жените. Женскиот глас и храброста се од суштинско значење за правата на жените воопшто. Драги сестри, самохраната жена има моќ, но заедно имаме влијание. Поддршка на оние на кои им треба и негување на жените до успех. Можеме да успееме, не само ако сонуваме за успех, туку и работиме за него. Нашата нација ја изградија силни жени, па сакаме да уриваме ѕидови и да рушиме стереотипи, објасни Ајдари.

Фиснике Бектеши-Шаќири – пратеник

Човекот е роден да има еднакви права, тоа се зборови запишани во конвенцијата за човекови права. Историјата на Албанците издлаби моќни жени како кралицата Теута, Тринге Смајли, Шоте Галица итн…ДУИ ги сруши табуата за застапеност на жените во политиката, прва албанска пратеничка беше Теута Арифи. Денеска во собранието на РСМ има 6 жени од 15 пратеници на ДУИ. Можеби за да бидеш успешен можеби е тешко, но не и невозможно. Свесни сме дека жените се соочуваат со различни предизвици, предизвици помеѓу семејниот и професионалниот живот. Во некои случаи не може да вклучи се што им е потребно на жените. Драги дами, вклучете се затоа што можете да придонесете за нашето општество со иста посветеност како што ги воспитувате вашите деца. Жената е вратот што ја насочува главата, столбот што ја насочува куќата како и столбот што ја насочува државата, додаде Бектеши Шаќири.

Мерита Мустафаи – претседателка на Унијата на жени на ДУИ Тетово

Ценета како најактивното суштество на човештвото, жената докажа дека е способна да води процеси. Присуството на жените во политиката покажува поголема моќ, бидејќи жените воспоставуваат мир. Имам морална обврска да му кажам на претседателот Али Ахмети дека жените се со вас на фронтот за Европската унија. Имаме многу подготвени жени од сите генерации, кои се подготвени да се соочат со предизвиците и да ги придвижат процесите напред. Жените се столбот и чуварот на нацијата. Мора да работиме денес за утре нашите потомци да се гордеат со она што го работевме и го жртвувавме денес за да имаат подобар живот. Им благодарам на сите жени кои не беа поштедени и никогаш не се откажаа, рече Мустафаи.