Баерн беше подготвен да потроши 250 милиони евра за Халанд, но ја загуби трката со Сити

 Раководството на Баерн Минхен летото 2022 се подготвуваше да ангажира Ерлниг Халанд и беше подготвено да вложи четвртина милијарда евра во играчот, но ја загуби борбата со Манчестер сити. 

Според „Кикер“, Баерн бил подготвен да го „скрши“ системот на плати во клубот и да му плаќа на Норвежанецот 35 милиони евра годишно. 

Со петгодишен договор и ослободителна клаузула на Халанд во Борусија Дортмунд од 75 милиони фунти, вкупната сума би била 250 милиони фунти. 

Бундеслигашот во Халанд гледаше замена за Роберт Левандовски, кој изрази желба да го промени тимот и на крајот замина во Барселона. 

Токму Халанд синоќа постигна гол против Баерн во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите (3:0) како дел од Манчестер сити. Тој има 45 гола во 39 натпревари за клубот оваа сезона.