“БАХМУТ Е НОВИОТ ХИРОШИМА!“ – Володимир Зеленски го потврди ужасот: “Нема ништо живо, се е уништено…“

Нема ништо живо, сите згради се уништени“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски од самитот на Г-7 во Јапонија.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го спореди источниот украински град Бахмут со Хирошима, јапонскиот град кој беше уништен во Втората светска војна кога американската војска фрли атомска бомба врз него.

Володимир Зеленски наведува дека сликите од уништената Хирошима го потсетуваат на Бахмут, градот кој во изминатите десет месеци беше сцена на најдолгата и најкрвавата битка откако руската Армија ја нападна Украина во февруари минатата година.

Володимир Зеленски повторно одби да потврди дека Бахмут паднал во руски раце, односно дека градот бил освоен од членови на платеничката група Вагнер, како што тврди Евгениј Пригожин, нивниот водач и основач, кој во саботата објави видео на кое тој го развиори руското знаме со неговите борци од центарот на градот.

Хирошима и Бахмут изгледаат потполно исто. Нема ништо живо, сите згради се уништени“, кажал Володимир Зеленски за време на посетата на Јапонија, каде што присуствуваше на самитот на лидерите на Г-7.

Тој повторил дека украинските војници се уште се во Бахмут и дека борбите продолжуваат – „Нашите војници се во Бахмут“.

Во Киев велат дека украинските сили се на крилата на градот и се обидуваат да ги опколат руските војници.