Бајден издаде декрет за детална проверка на купувачите на оружје

 Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска потпиша указ со кој се наложуваат посеопфатни проверки на луѓето кои сакаат да купат оружје, како и побезбедно складирање на огненото оружје.

Со претседателскиот декрет се обврзуваат американските служби за спроведување на редот и законот да обезбедат максимално спроведување на законите за контрола на вооружувањето кои минатото лето ги поддржаа двете партии во американскиот Конгрес.

На 1 јануари годинава, по новогодишната прослава, вооружен напаѓач упадна во сала за танцување во населба во близина на Лос Анџелес и застрела 20 луѓе, од кои 11 починаа.