Бајден понуди помош! Разговараше со израелскиот премиер по терористичкиот напад во Ерусалим

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и ја понуди „целата потребна помош и поддршка“ по терористичкиот напад во синагога во предградијата на Ерусалим, соопшти Белата куќа.

Во терористички напад на синагога во населбата Неве Јаков во Ерусалим, седум лица загинаа, 10 се повредени, а напаѓачот е 21-годишниот Палестинец од источен Ерусалим, Алкам Каири.

Според полицијата, убиениот Каири немал никаква поврзаност со познати терористички организации и нивните ќелии пред нападот, пишува „Џерусалим пост“.