Бајден ја отфрли опцијата за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина

Гостувајќи на американскиот ТВ-канал Еј-би-си (ABC), Бајден ја исклучи опцијата за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, и покрај тоа што претседателот на таа земја, Владимир Зеленски, неколкупати упати барање до Западот за овој тип авиони.

Претседателот на САД, Џо Бајден, ја исклучи опцијата за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, пренесува Анадолу.

Гостувајќи на американскиот ТВ-канал Еј-би-си (ABC), Бајден ја исклучи опцијата за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, и покрај тоа што претседателот на таа земја, Владимир Зеленски, неколкупати упати барање до Западот за овој тип авиони.

„Видете, ние му (на претседателот на Украина, Зеленски) испраќаме она што нашата искусна војска смета дека сега му е најпотребно. Нему му се потребни тенкови, потребна му е артилерија, потребна му е противвоздушна одбрана, вклучувајќи уште еден ХИМАРС“, рече Бајден.

Запрашан за потенцијалното испраќање на борбените авиони Ф-16 во Украина, советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џејк Саливан, во четвртокот рече дека „Ф-16 не е прашање за краткорочна борба туку за долгорочна одбрана на Украина“.

Бајден оваа недела во Киев се сретна со украинскиот претседател Зеленски. Во текот на посетата на Киев, американскиот претседател најави дополнителна воена помош за Украина.