БЕБИСИТЕРКАТА НА ЕН ВОЛШ НА ПОЛИЦИЈАТА И ОТКРИЛА СТРАШНИ ДЕТАЛИ Еве што правел Брајан по нејзиното исчезнување! Открила и што ВЕДНАШ забележала

На Брајан Волш, кој беше обвинет дека ја убил својата сопруга Ана Волш од Белград, во семејната куќа во Кохасет на новогодишната ноќ, му беше судено, откако поротата најде доволно докази за да го обвини за делото.

Во текот на судењето беа изнесени голем број нови детали за целиот случај, а бебиситерката на полицијата и откри грозоморни детали.

Деновите по исчезнувањето на белграѓанката, бебиситерката ги чувала нивните три деца и тогаш забележала дека Брајан ги сменил сите теписи на приземјето од нивната куќа, како и корпата за отпадоци, а ја сменил и бравата во подрумот!

Брајан Волш

Исто така, на денот кога била убиена Ана Волш, Волш и рекол на бебиситерката дека тој и Ана ќе имаат доцна вечера, но потоа и рекол на бебиситерката дека ги смениле плановите и дека Ана мора да се врати во Вашингтон.

Инаку, на самото судење обвинителството откри дека Волш се сомневал дека Ана го изневерува, поради што ангажирал приватен детектив преку мајка му.

Тие навеле и дека мотивот за страшното злосторство може да биде тоа што неговата сопруга планирала да го остави и да се пресели во Вашингтон со децата.