Без вода повеќе делови на Скопје

– Поради технички зафати, замена на затворачи и поврзување на водоводен приклучок денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат повеќе делови на Скопје, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) врз основа да добиени известувања од скопското ЈП „Водовод и канализација“.

Како што се посочува во соопштението поради технички зафат на затворач ф-600 милиметри во пумпна станица Гази Баба, можен е прекин на водоснабдувањето во населбите Чаир, Топанско Поле, Скопје Север, Бутел 2, како и во високата зона во Железара и Автокоманда. Техничкиот зафат ќе почне во 09:00 часот.

Прекинато водоснабдување од 09:00 часот ќе имаат дел од корисниците на булевар „АСНОМ“ од броевите 4 до 20, поради замена на затворач (шибер) Ф80 милиметри на објектот број 12 на посочениот булевар. Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот.

Поради стопирање на стара водоводна цевка ф5/4“ на улица „11 Октомври“ бб (плоштад), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците во Сити Галери во Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот и ќе трае до завршување на активностите.

Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија и дека поради поставување водоводен приклучок од ф100 милиметри на улица „Јуриј Гагарин“ број 28, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од краците 4 и 6 од оваа улица во населбата Козле. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во 11:00 часот и ќе трае до завршување на сервисните активности.