Без медиумска писменост е тешко да се одвои вистината од лагата, дури и од страна на високо образованите

 Современиот човек е изложен на бура од информации, секојдневно, од најмладите до најстарите. Се случува своевиден атак врз човечката психа со огромен број информации, во наразлични форми, текст, фото, видео, инфографици. И додека човекот како разумно суштество има потреба од знаење и информираност за да опстане и напредува, сепак она што денес се случува е презаситеност со информации и многу често неможност да се препознаат оние важните, суштинските, потребните, точните. Ова особено е видливо со брзиот развој на дигитализацијата и појавата на социјалните медиуми, кои станаа главен извор за информирање, особено на помладите генерации.

Младите се помалку ги следат традиционалните медиуми, каде се почитуваат новинарските стандарди во информирањето и генерално информациите ги добиваат од социјалните, кои имаат големо влијание во креирањето на нивната перцепција за реалноста.

Борбата со дезинформациите е долг и трнлив пат, особено во сферата на социјалните мрежи, а во овој дигитален простор секој поединец има можност да споделува информации, од секаков вид, кои пристигнуваат до огромна група на луѓе и за разлика од одговорноста на професионалните новинари, нивната одговорност речиси и да не постои.

Лесното и брзо ширење на информациите доведува до потопување на вистината и во ова време навистина е многу важно да се покрене свеста за медиумската писменост и за вистинското професионално новинарство, со цел младите и на социјалните мрежи да ја распознаваат вистината во пишаниот збор, видеата, фотографиите кои се пласираат таму. 

За тоа како да се подигне нивото на медиумската и дигиталната писменост МИА разговараше со  Михајло Лахтов, директорот на ИРЕКС проектот за медиумска писменост „Учиме да распознаваме“, Моника Аксентиевска од Институтот за комуникациски студии, Кристина Н. Николовска, професорка на Катедрата по општа и компаративна книжевност на Одделот за Македонски јазик при Филолошки факултет и Иван Чорбев, професор на ФИНКИ.

Нивниот генерален заклучок е дека клучни за точната информираност на младите, но и на повозрасните се медиумската писменост, а таа се гради во семејството, образованието и формалното и неформалното, развивањето на критичкото размислување, но и одговорноста на оние кои ги споделуваат информациите. 

Социјалните мрежи станаа расадник на екстремизмот кој се користи за поткопување на демократијата, заклучи експертска група во Давос и повика на реформи што ќе ја вратат довербата во власта и


Зборувајќи за тоа како младите да прават разлика меѓу вистината и лагата, Михајло Лахтов, директорот на ИРЕКС проектот за медиумска писменост „Учиме да распознаваме“ смета дека дали ние ќе бидеме медиумски писмени, дали ќе можеме да правиме квалитетна разлика, добра разлика, меѓу добрите содржини и не толку добрите содржини е прашање на нашето образование, воспитување и искуство во животот.

-Како да се направи разлика е многу комплексно и тешко прашање и за жал ние немаме волшебно стапче или магичен рецепт со којшто би го решиле тој проблем, кога би имале, воопшто не би постоеле дезинформациите, затоа што не би имало воопшто смисла да постојат, вели Лахтов за МИА.

Тој посочи дека проблемот е всушност дел од еден покомплексен процес којшто започнува уште од најраното детство, односно начинот на којшто родителите ги воспитуват нивните деца, начинот на којшто поминуваат време со нив и како тие поминуваат време пред екраните. Процесот, како што посочи Лахтов,  продолжува во образованието, во училиштата и тука е важно како училиштата го третираат овој проблем или како го оформуваат образованието да биде фокусирано на критички пристап, критичко размислување, аналитички пристап кон информациите и кон содржините.

-Медиумската писменост, самиот момент дека го содржи делот писменост во називот, кажува дека тоа е само една продолжена гранка на општата писменост, на функционалната писменост. Вие не можете да бидете медиумски писмени, ако не сте доволно писмени, ако не се образувате на вистински начин, ако не поминувате квалитетно време читајќи и гледајќи корисни содржини, не можете да очекувате да бидете ниту медиумски писмени. Одговорот е тука, во образованието, во воспитувањето, малку покомплексен, нема формули, но има алатки кои што се практикуваат, рече Лахтов. 

DUI leader Ali Ahmeti said Tuesday his words relating to Alfa and Telma TV stations during a party event in Gostivar over the weekend did not refer to them but resulted from various reactions
Зборувајќи за обуките кои ги спроведуваат, тој посочи дека на нив, како една од алатките, го претставуваат пребарувањето на фотографиите на Гугл или на други пребарувачи што може да покаже каде таа фотографија претходно се појавила. 
-Исто така постојат и прашања во процесот, кој е авторот, што тој автор претходно правел и пишувал, да го провериме каков е насловот, дали тој наслов е поврзан со нашите емоции или е некаков тригер за нашите емоции, дали содржината е факт или мислење, што е исто многу важен елемент во процесот на медиумското описменување, дали зборуваме за факти, кои исто така можат да бидат точни или неточни или зборуваме за нечие мислење, истакна Лахтов.

Тој нагласи дека медиумската писменост е нашата способност да можеме да ги анализираме медиумските содржини, односно да видиме кој тоа го напишал, зошто го напишал, кој стои позади тоа, дали има некава порака, дали тоа дејствува на нашите вредности ставови.

-Медиумската писменост е исто така евалуација, дали е нешто вистинито или не, дали е професионално или не, меѓутоа медиумската писменост е и создавање медиумски содржини, креирање, ние денес сите креираме медиумски содржини, не само новинарите како професионалци, туку и мојата десетгодишна ќерка исто креира медиумски содржини на Тик-ток, на Инстаграм и така натаму. Сите тие креатори, исто како што новинарите како професионалци имаат голема одоговорност во тоа што ќе го кажат, меѓутоа и денешниве млади луѓе, сите ние коишто сме во тој процес во тој информациски циклус креираме содржини и ние самите треба да сме свесни дека тоа што го создаваме, тоа што го пренесуваме, носи сериозна одговорност, носи бенефит за нас, затоа што можеме да се претставиме, да не видат како убаво пееме или играме, но од друга страна носи сериозна одоговорност и затоа неодамна се крена многу прашина околу еден случај со еден поткаст, затоа што тие луѓе коишто се на таа сцена се јутјубери, инфлуенсери  и така натаму, нив ги следи многу голема група на луѓе, во нив гледаат идоли, преку нив ги оформуваат своите ставови и гледишта, тие луѓе треба да бидат свесни дека со себе носат одговорност исто како пофесионалните новинари, луѓето коишто го користат јавниот простор за да искажат свое мислење или став, објасни Лахтов.

Моника Аксентиевска од Институтот за комуникациски студии за МИА посочи дека живееме во дигитално општество кадешто секојдневно сме бомбардирани со илјадници информации во најразлични форми.

-Веќе не е се текст или видео, имаме фотографии, инфографици, анимации, значи доаѓаат информациите до нас во секакви формати и за тоа е можеби малку потешко да препознаеме кога некоја информација којашто доаѓа до нас е вистинита и токму затоа е многу важно да бидеме медиумски писмени, особено за младите коишто најголемиот дел од времето го поминуваат пред екраните, односно, според истражувањата, две третини од времето го поминуваат на социјалните мрежи, истакна Аксентиевска.

Таа порача дека медиумската писменост всушност е нашата способност да пристапи критички кон информациите кои ни пристигнуваат, да ги анализираме, да направиме проценка дали она што го читаме е вистинито, која е е авторот, зошто ни го испраќаат, како и која е пораката на оној што ни ја испратил да стигне до нас.

-Меѓутоа исто така има уште еден аспект на медиумската писменост, тоа е како ние одговорно да креираме содржини. Денес сите сме креатори на содржини, со секоја слика што ќе ја постираме на социјалните содржини ние сме креатори на информации, затоа мораме да бидеме одговорни и да не ги залажуваме со нашите информации другите, потенцираше Аксентиевска.

Таа посочи дека многу е важно во училиштата од најмала возраст да се работи на критичко размислување.

Лажните вести полека но сигурно стануваат сè почести и поизразени во секојдневието на граѓаните. Интернетот денес ни остава палета од информации, но не сите се веродостојни и точни. Најважнот

-Сега информациите до нас стигнуваат во различни формати, веќе не е доволно само да го отворите текстот и да проверите кој е авторот, дали и други медиуми известувале, сега може да дојде фотографија, знаеме како се манипулира со фотографиите, така што мора кога ќе ни стигне каква било информација, прво да размислиме, да видиме зошто таа стигнала до нас, кој ја праќа, која е целта и потоа секако да ги искористиме алатките кои ни стојат на располагање за препознавање. Сега имаме милион апликации, дали за проверка на видео, дали за проверка на локација, каде е направено видеото или фотографијата. Многу е важно, пред да поверуваме во некоја информација, да застанеме, да си дадеме две-три минути да размислиме што е тоа што сака да ни го пренесе оној кој ја направил, која е целта позади тоа и секако да провериме дали е вистинита, истакна Аксентиевска.

Таа посочи дека треба да се работи со сите граѓани, не само со младите луѓе во однос на медиумската писменост. 

-Имаме многу неформални курсеви, начини како да се информираме, како да пристапиме и да важно е сите, дури и родителите да се образуваат. Токму во рамки на проектот  „Младите размислуваат“ се работи на прирачник за родители и старатели, за како да препознаат лажни информации, како да им помогнат на нивните деца, на младите околу нив и они да препознаат, рече Аксентиевска.

Таа нагласи дека многу е важно сега во образованието да се воведе медиумската писменост за секоја следна генерација да е медиумски описменета.

 -Тогаш се ќе биде полесно, а сега за оние други генерации кои можеби не стигнале да го имаат ова во образованието, тука е неформалното образование можноста да истражуваат самите на интернет, да разговараат, меѓутоа најважно кај децата кога ќе се воспитуваат е да се всади она критичко размислување, бидејќи младите се дигитално писмени, знаат како да ги користат сите социјални мрежи, сите алатки што им стојат на располагање, меѓутоа не знаат кога ќе ја видат информацијата да и пристапуваат критички. Мислам дека образованието како формалното, така и неформалното игра главна улога, заклучи Аксентиевска.

Кристина Н. Николовска, професорка на Катедрата по општа и компаративна книжевност на одделот за Македонски јазик при Филолошки факултет, еден од четирите факултети, кои ја вклучуваат медиумската писменост во високото образование, за МИА истакна дека воведувањето на медиумската писменост е исклучително значајно за нив.

-Голем дел од нашите студенти продолжуваат понатаму на пазарот на трудот како наставници по мајчин јазик. Тоа се студентите кои понатаму ќе предаваат македонски јазик, турски јазик, албански јазик, а знаеме онака како што се одвива на ова ниво реформата вклучувањето на медиумската писменост ќе тргне токму во тие предмети, предметите за мајчин јазик, тоа е едниот аспект којшто е многу важен за нас, како овие идни наставници да ги обучиме уште додека студираат да имаат познавање од медиумската писменост и се разбира тоа не ни е и конечната цел, она што сакаме да го направиме сите наши студенти, млади луѓе со коишто работиме да имаат вештини да ги препознаваат дезинформациите коишто навистина видовме низ многу примери досега и во нашето општество, но тоа е глобален феномен, навистина ја подриваат на некој начин демократијата и исто така тие дезинформации и лажните вести навистина го оневозможуваат вклучувањето на младите во општествениот живот на начин на којшто тие треба да бидат вклучени, истакна Н. Николовска.

Таа нагласи дека формалното образование ќе биде понатаму клучно, меѓутоа, како што додаде она што сега се прави, она што го прават овие локални партнери на УСАИД, Како Институтот за комуникациски студии, тие веќе мислам дека зборуваат на оваа тема подолго време и видовме веќе низа разни едукативни програми коишто одеа на традиционалните медиуми, зошто е тоа важно.

-Но навистина без обука јас би рекла дека многу тешко е вие да одвоите што е вистинита вест, што е дезинформација, особено ако зборуваме за они скриени пораки и идеологии, тоа е тешко дури и за високо образовани луѓе. Имаше скоро едно истражување кое укажа на тоа дека лажните вести што се однесуваа на вакцинацијата, да речеме, навистина најдоа плодна почва и меѓу луѓето со завршен докторат. Навистина е тешко да се разликува дури и за новинари коишто работат во медиумите да откријат што е лага што е вистина, затоа што начинот на кој што тие вести се сервираат е многу сличен на вистинитите вести и тука навистина треба со голема внимателност, ако ништо друго барем да не ги споделуваме понатаму информациите за коишто не сме сигурни дека не се лажна вест, рече професорката. 

Бројот на луѓе кои секојдневно ја користат социјалната мрежа Фејсбук се зголемил во просек на две милијарди во декември, што е четвртина од светската популација.
Таа посочи дека треба да се прават споредби и да се проверува изворот на информациите.

-Може да споредувате, кога ќе споредите вистинска вест паралелно со лажна вест која што го тврди спротивното ќе видете некогаш дека буквано во едно зборче е разликата, дека клучната веројатно работа би рекла е да проверуваат младите кој е изворот на информации, дали тој извор има кредибилитет и во крајна линија да размислуваат кој е мотивацијата зад создавањето на таа порака оти секој којшто праќа некаква порака има причина зошто го прави тоа и оттука мислам дека треба да тргнеме, а инаку проблематиката е навистина сложена и ви треба цел сет на вештини, меѓутоа ако барем младите размислуваат за тоа кој ја создава оваа порака и зошто ми е упатена мене и ако се обидат тоа да го преиспитаат мислам дека тоа е добар старт, дури и кога ја немаме медиумската писменост во формално образование, нагласи Н. Николовска.

Иван Чорбев, професор на ФИНКИ, осврнувајќи се на дигиталниот аспект на проблематиката за МИА посочи дека постојат алгоритми за промовирање на вести или за спречување на лажни вести и тие се во постојан тек на еволуција, создавање, менување, реформирање и усовршување.

-Факт е дека кога социјалните мрежи или агрегатори на вести или интернет агрегатори ќе го менуваат својот алогоритам за обработка и рангирање на вестите и содржините, соодветно создавачите на вести се обидуваат да ги проучат тие алгоритми и да ги адаптираат своите текстови и начините да ги злоупотребат алгоритмите на социјалните мрежи за да ги покачат своите објави и да бидат поатрактивни, попопуларни и почитани, така што тоа е вечна борба меѓу агрегатори на вести и агрегатори на социјални мрежи, наспроти создавачите на сајтови и на содржини, кои се обидуваат да ги дознаат и злоупотребат алгоритмите за да секој да го добие она што го сака, наведе Чорбев. 

Професорот истакна дека негово лично мислење е дека не е потребно со алгоритмите да се спречи целосно прикажување на вестите.

-Спречување на вести може лесно да доведе до цензура на вистински вести кои лажно ќе се претстават преку лажни вести само за од некој центар на моќ да се спречи некоја добра вест да дојде до луѓето. Така што комплетно отстранување на вести не мислам дека е вистинскиот пат заради опасноста од воведување на суптилна цензура на тие вести, туку поважно е да се означат вестите со одреден процент на можна лажност, за да може читателот повнимателно и поинформирано да настапи при интеракција со таа вест, помалку да и верува, ако е лабелирана од некој алгоритам дека е многу извесно лажна или со помалку самодоверба да ја сподели тој човек таа вест, ако има разик дека она што го споделува е веројатно лажна вест, на крај на денот вистинската барем засега, заштита од лажни вести е добрата медиумска писменост на луѓето, особено на младите коишто е потребно да имаат јасно искуство и обука и знаење да препознаат извори на вести на кои може помалку или повеќе да се верува, посочи професорот.

Чорбев рече дека секогаш мораат да се имаат предвид некои првични аспекти кога се гледа сајтот со вести. 

-Дали е тоа сајт којшто е етаблиран за објави на вести, дали е тоа веб сајт во којшто се знае јасно кои се новинари, кои се уредници, кој е сопственик на тој сајт, дали има потпишан новинар на таа вест, некои базични знаења се потребни и внимателност, да го наречам тоа медиумска хигиена кои луѓето мора да ја имаат за да не бидат заложници на лажните вести кои ги има се повеќе и кои ги користат сите канали за комуникација за да дојдат до луѓето, заклучи професорот во разговор за МИ