БиБиСи: Лионел Меси ги одби Барса и саудиската милијарда, оди во Интер Мајами!

Британскиот Би-Би-Си објави ексклузивна вест: Лионел Меси одлучи да ја продолжи кариерата во Интер од Мајами!

По заминувањето од ПСЖ, Меси имаше три опции за продолжување на кариерата, а на крајот реши да замине во САД.

Најблиску до враќање беше во Барселона, но каталонскиот клуб не можеше да му понуди доволно голема плата поради ограничувањата на салари капата на Ла Лига, а одличниот Аргентинец на крајот избра меѓу Ал-Хилал и Интер Мајами.

Саудискиот гигант му понудил двегодишен договор вреден дури 1,2 милијарди евра, но Меси не бил импресиониран од тие пари и решил да замине во МЛС лигата.

Една од главните причини зошто го избра клубот во сопственост на Дејвид Бекам е тоа што често летува во Мајами каде има куќа.

Потврдата за одлуката на Меси се уште не е пристигната, а со оглед на тоа што медиумите веќе неколку пати го „селеа“ во Барселона и Ал-Хилал, веста за неговото заминување во Интер Мајами треба да се земе со резерва.