БИЗАРЕН ФЕТИШ НА НЕЈЗИНИОТ ПАРТНЕР ЈА НАТЕРАЛ ДА СЕ ОБРАТИ НА СТРУЧЊАК: Не сака да го остави, но тоа што го прави и е премногу чудно!

Стапалата се ерогена зона за многу луѓе и цицањето прсти не е толку невообичаено како што мислите. Има многу нервни завршетоци во прстите и стапалата, поради што стапалата се толку скокотливи, што може да биде еднакво на задоволство, објаснува британската колумнистка Дејдре за The Sun откако анонимна девојка се пожалила на малку бизарните сексуални навики на нејзиното ново момче.

Нејзе и стана чуден фетишот за стапалата на нејзиното ново момче и таа го отфрла.

Секс

– Неговиот омилен сексуален чин е цицање на моите прсти. Може да ги лиже и бакнува со часови и толку да се возбудува што е подготвен да експлодира – рекла таа. Тие се запознале преку Интернет кога таа имала 40, а тој 46. Веќе по три месеци од врската, сè и стана чудно. Никој друг никогаш претходно не ги цицал нејзините прсти.

– Не се ни срамам поради тоа, всушност и беше доста интересно првите неколку пати. Но, сега ми пречи – додала таа.

Девојката вели дека никогаш не и се допаднале стапалата, прстите и се малку долги и кршливи, а се грижи дека во лето малку мирисаат. Сепак, нејзиното момче мисли дека тие се најубавиот дел од нејзиното тело. Тој и кажува колку се елегантни нејзините прсти, колку е мазна нејзината кожа и колку му се допаѓа мирисот од нив. Последниот пат кога ги посетил, ги полил со чаша вино, а потоа прашал дали може да и направи педикир.

Таа мисли дека повеќе му се допаѓаат нејзините стапала отколку нејзиното лице или фигура и поради тоа се чувствува многу несигурно. Тој објаснува дека имаат нормален секс, но цицањето прст секогаш е дел од предиграта. Таа се доверува на нејзината најдобра пријателка која мисли дека тоа е смешно. Нејзе ѝ се допаѓа овој тип, тој е смешен и љубезен, па таа не сака да раскине со него. Но, таа сака да има нормален сексуален живот со некој кој ќе ја сака повеќе од нејзините стапала и бара совет од секс експерт.

– Сето тоа ми звучи како ова момче оди во крајности, а неговиот интерес и желба за стапала изгледаат како дел од вистински фетиш. Секогаш е добро да се зборува за такви работи и да се најде компромис – советува колумнистот.