Билал Кара именуван за почесен конзул на Северна Македонија во Туркије

Информацијата е објавена во Службениот весник на Северна Македонија.

Претседателот на Деловниот совет на Туркије – Северна Македонија на ДЕИК, Билал Кара, именуван е за почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Туркије, со седиште во Измир.

Оваа информација е објавена во Службениот весник на Северна Македонија.

​​​​​​​„Се именува Билал Кара за почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Турција (Туркије), со седиште во Измир. Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 41-3365/1“, се наведува во објавата на Службен весник.