“БИЛ ПОЛН СО ЕКСПЛОЗИВ!“ – Истиот дрон што падна во Загреб минатата година денес експлодираше во Русија: Повредени неколку лица (фото/видео)

Експлозијата во градот Киреевск во областа Тула во Русија била предизвикана од беспилотно летало, изјави во неделата за руската медиумска агенција ТАСС портпаролот на локалните државни агенции.

Експлозијата во регионот Тула беше предизвикана од тактичко извидувачки дрон“, изјави тој и дополни: „Станува збор за дрон Tu-141. Дронот бил натоварен со експлозивни материи“.

Според локалниот центар за итни случаи, експлозијата се случила во 15:19 часот по московско време. Повредени се три лица, од кои едно е пренесено во болница. Оштетени се три станбени блокови и четири куќи.

Инаку, дронот Tu-141 е истиот модел на дрон што се урна во Загреб пред нешто повеќе од една година, а за кој никогаш официјално не беше утврдено кој го испратил во Хрватска

Станува збор за дрон од советско производство, создаден кон крајот на 1970-тите години. Тежи речиси шест тони, а се лансира од камион, од кој е програмиран и неговиот пат на летот.