Битиќи до ВМРО-ДПМНЕ: Срамота е во пет години да ја покачите платата за само 2381 денар

Срамота е само во 5 години ВМРО-ДПМНЕ да ја покачи просечната плата за само 11% или од 2012 до 2017 таа да се покачи за незначителни 2.381 денар, објави попладнево вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој го поздрави фактот што од 2017 до 2022, исто за период од 5 години, Владата предводена од СДСМ ја покачи за 44% или за 10.514 денар.

-А најголем дел од ова зголемување, близу 60% или 7.497 денари е во мојот мандат од јуни 2020 до декември 2022, за само 2,5 години. Не знам дали во ВМРО – ДПМНЕ има се уште некој кој знае да чита бројки а не само партиски нарачки. Платите ќе продолжат да растат, минималната во март ќе порасне повторно, по утврдена методологија, системски, не по нечија желба или преговори во 4 очи. Да се исполнува ветеното не е срамота. Да се работи за граѓаните е обврска, чест и привилегија, истакна Битиќи.