„Битката за Бахмут продолжува“ Киев тврди дека Русите се повлекле два километри – Кремљ даде свој одговор: Не им верувајте!

Украинскиот генерал Олександар Сирскиј тврди дека руските сили се повлекле и до два километри во некои делови на источен Бахмут.

– Благодарение на добро осмислената одбрана во правец на Бахмут ги добиваме резултатите од ефективни дејствија на нашите единици. Во некои области, непријателот не можеше да се одбрани од налетот на украинските војници и се повлече до два километри – напиша Сирски на Телеграм.

Тој изјави дека „и покрај изјавите на воените злосторници“, руските сили сепак не успеале да го освојат украинскиот град.

– Нашите одбранбени сили го спречуваат непријателот да напредува. Битката за Бахмут продолжува – додаде Сирски.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека не треба да се слушаат изјавите на украинските претставници“, пренесе РИА Новости.