Бијонсе се прости од Тина Тарнер: Моја сакана кралица, те сакам бескрајно (фото)

Познатата рок пејачка Тина Тарнер почина во средата по долго боледување на 83-годишна возраст во својот дом во Швајцарија. Од неа се збогуваат бројни колешки од музичкиот свет, меѓу кои и Бијонсе, за која Тина беше еден од најголемите репери.

Среде нејзината турнеја „Ренесанса“, Бијонсе објави емотивна порака на својата веб-страница посветена на Тина.

-Моја сакана кралица, те сакам бескрајно. Многу сум благодарна за твојата поддршка и инспирација и за сите работи со кои сте ми го трасирале патот. Вие сте сила и издржливост, вие сте олицетворение на моќта и страста. Сите сме многу среќни што бевме сведоци на вашата добрина и прекрасен дух кој вечно ќе живее – напиша Бијонсе.