Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс со необична објава открија дека станале родители по четврти пат (ФОТО)

Актерите Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс повторно станаа родители, а актерката реши веста да ја сподели на својот Инстаграм профил на необичен начин.

Имено, славниот пар не сподели фотографија од бебето како доказ за приновата во семејството, туку фотографија на која Лајвли е заедно со сопругот Рајан Рејнолдс и неговата мајка Тами, а на која веќе нема труднички стомак.

Во оваа објава беа објавени и фотографии од храната што ја јаделе додека го гледале Суперболот, што оставило воодушевување на многу фанови и го нарекле епско поради начинот на кој таа избрала да ја сподели радосната вест.

Рајан Рејнолдс претходно изјави дека тие и нивните девојчиња се подготвени и желни да го пречекаат своето ново бебе, но ниту тогаш не беше откриен полот на детето. Сепак, обожавателите веруваат дека повторно е девојче, бидејќи се сомневаат дека ќе го носи името на песната на нивната пријателка и пејачка Тејлор Свифт, како што беше случај претходно.

Лајвли првпат ја откри својата четврта бременост во септември, кога се појави на црвениот тепих на 10-тиот јубилеен Форбс Пауер Женски самит во Њујорк. Таа и Рејнолдс имаат уште три ќерки заедно, Бети (3), Инез (6) и Џејмс (8).