Блинкен: Претседателот Си не мисли дека Путин треба да одговара за злосторствата во Украина

– Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, изјави дека денешната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, откако Меѓународниот суд на правдата издаде налог за апсење на рускиот лидер Владимир Путин, сугерира дека Пекинг не мисли дека Кремљ треба да одговара за злосторствата во Украина.

-Светот не треба да биде измамен со каков било тактички потег на Русија, поддржан од Кина или која било друга земја, за да ја замрзне војната по свои услови, им соопшти Блинкен на новинарите, пренесе Би-би-си.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на почетокот на средбата со Си изјави дека Москва е свесна и ја почитува кинеската иницијатива за мирно решавање на конфликтот во Украина.

-Внимателно ги разгледавме вашите предлози за решавање на акутната криза во Украина. Се разбира, ќе имаме можност да разговараме за тоа, рече Путин, обраќајќи му се на кинескиот лидер, кој денеска пристигна во Москва во државна посета.