Блинкен разговараше за помош со својот турски колега

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговарал со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за да утврдат како САД можат да продолжат да обезбедуваат помош за Турција и Сирија по земјотресите оваа недела, соопшти Стејт департментот.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс рече дека САД ќе продолжат да бараат непречен хуманитарен пристап до Сирија и ја повика владата на сирискиот претседател Башар ал Асад веднаш да дозволи помош преку сите гранични премини.