БОРБА ЗА ЖИВОТОТ НА СИЛВИO БЕРЛУСКОНИ: Се појавија нови информации за здравствената состојба на поранешниот италијански премиер

Здравствената состојба на Берлускони е сериозна, но тој одговара на терапија.

Здравствената состојба на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони полека се подобрува, но сепак е тешка , изјави денеска неговиот лекар Алберто Зангрило.

Берлускони веќе шести ден е во болница поради компликации предизвикани од пневмонија и хронична миеломоноцитна леукемија, пренесува Стампа.

Зангрило изјави и дека Берлускони одговорил на терапијата.

Според Анса, во текот на претходната ноќ го посетиле неговите ќерки Марина и Елеонора.