Бројот на загинати во земјотресот во Турција се зголеми на 48.448

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу изјави дека бројот на загинати во силните земјотреси кои ја погодија јужна Турција минатиот месец се зголемил на 48.448, јави ТРТ Балкан.

„6.660 од загинатите се странски државјани“, рече Сојлу на прес-конференцијата заедно со министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој во турската областа Малатија која беше погодена од земјотресот.

„Отстранувањето на урнатините е во тек“, додаде тој.

На 6 февруари, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија 11 области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатја, Османије и Шанлиурфа.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Турција се засегнати од разорните земјотреси, како и многу други во северна Сирија.