Бушле: Сонцето и ветерот се новото гориво во зелената транзиција

Северна Македонија има постигнато доста добро ниво на успешност во имплементацијата на законодавството во енергетиката, што во еден дел е прикажано и на еден конкурентен начин. Кризата станува нова реалност и земјите треба да се вратат кон обновливата енергија, а Северна Македонија тоа го прави. Ова е вистинско време за нов закон за обновливи извори за енергија, истакна заменик директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Дирк Бушле, кој денеска го презентираше Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во земјава.

Во обраќањето пред собраниската Комисија за економски прашања, Бушле истакна дека многу од земјите се ставени пред слични предизвици, особено во овој момент од историјата кога се соочуваме со посебна транзиција – зелената транзиција или „green deal“ во ЕУ.

– Лично сум убеден дека ако една земја рано ги усвојува и воведува овие измени, за што верувам дека Северна Македонија може, тоа ќе и ја оформи иднината за следните векови. Гледаме една трка кој побрзо и помудро оди кон зелена транзиција, изјави Бушле, додавајќи дека сега тоа се случува во Европа.

Заменик директорот на Секретаријатот посочи дека војната во Украина е тесно поврзана со енергетската криза и дефинитивно ќе ја оформи дискусијата за иднината, односно транзицијата кон зелена енергија.

– Верувам дека ЕУ има најдено еден генерален соодветен одговор, но мора да се справиме со оваа криза и со мерките кои изгледаат контрадикторни, мора да одиме кон зелена транзиција и прифаќање на обновливата енергија, рече Бушле.

Што се однесува до Северна Македонија, тој рече дека мерките што ги презема Владата за справување со енергетската криза во целост беа добри и неопходни, а за субвенциите истакна дека не сме единствена земја што ги применила. Сепак, тој предупреди дека субвенциите не охрабруваат инвестиции, а инвеститори во енергетскиот сектор се потребни.

Вакви „батерии“ за складирање зелена енергија веќе постојат, но се од литиум, што ги прави скапи и економски и еколошки неделотворни, бидејќи складираат само ограничена количина електрична ен

Според него, енергетскиот микс во Северна Македонија се менува. – Откривте многу други ресурси – Сонцето и ветерот и тоа е новото гориво во зелената транзиција, нешто што Северна Македонија ја прави шампион во регионот,  рече тој.

Бушле смета дека ова е вистинско време за нов закон за обновливи извори за енергија.

-Обновливите извори се локални, значи не зависите од увоз. Имате промена во енергетскиот микс, тоа е природниот гас, но тоа што изненадува и што не е типично за Европа, е што Северна Македонија увезува лигнит. Не знам за друга земја што увезува лигнит. Тоа е нешто што создава зависност и секој нов инсталиран мегават од обновливи извори ќе ја отстрани таа зависност, рече Бушле. 

Тој потенцираше дека гасот секогаш играл одредена улога во Северна Македонија и дека во иднина ќе мора да има поголема употреба од досега. Според него,  добро е штом земјава добива уште една влезна точка за гас, бидејќи во денешно време неопходна е диверзификација на изворите на гас.  

Според него, причината што нашиот енергетски пазар ги издржа шоковите и предизвиците на кризата, е тоа што земјава секогаш била предводник на пазарот на електрична енергија.

– Имате добар модел на цена, на тарифник и добар регулатор. Тоа се силни страни што треба да се поддржат. Една од улогите на Парламентот е да го заштити тој регулатор, но нему му треба независност, рече тој. 

Бушле зборуваше за она што ќе претстои, како сетот одлуки донесени во декември што се однесуваат на електрична енергија и пакетот за чиста енергија, посочувајќи на потребата за регионализација на зелената енергија. 

– Веруваме дека законот за обновливи извори ќе биде добро да се надополни со законот за електрична енергија. Утрово сфатив дека работите на клучни елементи од енергетската заедница – децентрализација на обновливите извори и тоа е добро. Тоа е одлична вест. На терен се одвива и развојот на електричниот пазар. Наскоро ќе има спот маркет, размена на енергија, што треба да биде ликвиден. И тоа ќе биде сржта за да се споите со соседите, порача Бушле, нагласувајќи ја потребата од имплементација на законите со кои ќе се ограничи употребата на јаглен во производството на енергија.