ВАКА ИЗГЛЕДАШЕ ЈЕЛЕНА ЃОКОВИЌ ДОДЕКА ЈАДЕШЕ МЕСО: Многумина тврдат дека ДЕНЕС Е ПОУБАВА, СТАРАТА СЛИКА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ (ФОТО)

Јелена Ѓоковиќ веќе неколку години јаде исклучиво растителна храна

Јелена Ѓоковиќ, директорката на Фондацијата Новак Ѓоковиќ и сопруга на српскиот тенисер, знае дека добрата исхрана е основа на доброто здравје.

Бидејќи тенисерот Новак Ѓоковиќ боледува од целијакична болест т.е. тој е нетолерантен на глутен, и двајцата се многу внимателни што јадат.

Јелена пред неколку години реши да биде исклучиво на растителна исхрана, а на својот Инстаграм профил често ги споделуваше рецептите од оброците кои ги консумира заедно со своите деца кои исто така се на растителна исхрана.

* На фотографиите во продолжение погледнете како изгледала Јелена пред диетата базирана на растенија.

Еден од оброците на Јелена содржи јаткасти плодови, овошје, зеленчук и масло, што за неа е многу хранливо јадење кое и дава многу енергија.

Како што еднаш кажа на својот Инстаграм профил, во нивната куќа нема шеќер, а наместо тоа користи мед, урми, сируп од агава, јаворов сируп или рогач. На овој начин си ја задоволува желбата за слатко и така, како што вели, нема оправдување да посегне по нешто благо.