Вака некогаш изгледал Андрија Милошевиќ: На оваа фотографија познатиот актер е непрепознатлив (ФОТО)

Познатиот актер Андрија Милошевиќ некогаш во младоста носел долга коса и имал брада, а денес изгледа сосема поинаку.

Имено, на Инстаграм на страница која се занимава со вести од поп светот се појави фотографија од Андрија Милошевиќ од неговите млади денови, а многумина коментираат дека бил непрепознатлив.

Андрија е многу активен на социјалните мрежи, каде често споделува забавни кадри со сопругата Александра Томиќ, која исто така е актерка, и нивниот син Реља.

Парот неодамна откри дека се венчале во тајност, само 25 дена пред да се роди Реља. Свадбата беше интимна, со само неколку пријатели и кумови.

– Се венчавме во црква на 1 февруари 2022 година, 25 дена пред да се роди Реља. Сè беше многу тајно, со нас беа само кумовите и неколку пријатели – открила актерката во нејзино гостување во емисија.