Велика Британија го зголеми нивото на закана од домашен тероризам во Северна Ирска

– Британската  разузнавачка служба МИ5 го подигна нивото на закана од домашен тероризам во Северна Ирска на „сериозно“, што значи дека напад е многу веројатен.

Британскиот секретар за Северна Ирска, Крис Хитон-Харис, во писмена изјава рече дека нивото е подигнато од „значително“ на „сериозно“ по неодамнешните напади врз полицајци.  „Јавноста треба да биде внимателна, но не и вознемирена и да продолжи да пријавува во полицијата во Северна Ирска за се што е загрижувачко“, наведе министерот. 

Пред околу една година, Велика Британија го намали нивото на закана во Северна Ирска на „значително“ за првпат по повеќе од една деценија. 

Во април се одбележува 25-годишнината од Договорот од Белфаст, кој во голема мера стави крај на 30-годишниот период на насилство во Северна Ирска.