Веста дека починал Џорџ Сорос се шири како ‘шумски пожар’ на социјалните мрежи – лажна објава или вистина !?

Веста дека Џорџ Сорос (92 г.) починал денес жестоко се прошири на социјалните мрежи, но се чини дека се работи за лажна вест.

Ова не е прв пат да се појави информација дека овој американски инвеститор и политички активист со еврејско-унгарско потекло починал.

Џорџ Сорос, омразена фигура на тврдите десничари во САД и во другите делови на светот, често е мета на разни лажни вести.

Веста за наводната смрт на Џорџ Сорос овој пат се прошири благодарение на објава на социјалната мрежа Твитер од корисникот @PoliticsFAIRL кој тврди дека оваа информација ја потврдила неговото семејство. Оттогаш, објавата е избришана, а истата ја виделе повеќе од 400.000 луѓе.