Ветерот откри дека министерот носел пиштол околу појасот (ВИДЕО)

Полскиот министер за правда Збигњев Зиобро предизвика бурни реакции откако дувањето на ветрот му го крена сакпто и се виде дека носел пиштол во појасот.

Во понеделникот, Зиобро положуваше венец на споменикот на жртвите од рударските несреќи во централна Полска, кога камерите го фатија како носи пиштол Glocк.

Полска, како и повеќето земји од Европската унија, има строги правила за набавка на оружје и на многу малку луѓе им е дозволено да го поседуваат или носат на јавно место.

Зиобро на прес-конференција во вторникот рече дека добил дозвола за оружје откако пред неколку години беше откриено дека ,,бос” на организиран криминал повикал на неговото убиство. Мажот, идентификуван само како Јан С., е во притвор неколку години и неговото судење е во тек.

Зиобро рече дека има статус на жртва во овој случај, пренесува Асошиејтед прес.

„Како и секој граѓанин, имам целосно право да ги користам средствата кои гарантираат безбедност на мене и на моето семејство“, рече Зиобро.