(ВИДЕО) Девојката го одби запросувањето пред илјадници гледачи, расплаканиот несуден младоженец го тешеше маскотата

Јавните запросувања стануваат сè попопуларни, но се повеќе има и девојки кои ги одбиваат своите партнери кои ги запросуваат на ваков начин.

Една таква непријатна сцена се случи на натпреварот меѓу Атлас и Монтереј во Мексико.

На полувремето еден навивач на домашниот тим реши да ја запроси својата девојка пред илјадниците гледачи.

Младиот човек се потрудил да и приреди вистински спектакл, па во самиот чин била вклучена и маскотата „Зоро“.

Кога момчето клекнало да ја побара за жена, девојката рекла „не“ и побегнала, оставајќи ги сите во неверување што се случило.

Непријатниот момент го уловија неколку камери, а момчето се скрши во солзи и го напушти теренот додека маскотата го тешеше.