(ВИДЕО) Ермис- првиот грчки ТВ презентер создаден со вештачка интелигенција

Дами и господа добра вечер! Ви благодариме за присуството во Студио 4 на ЕРТ, се обрати „новиот“ презентер на грчката државна телевизија, но всушност не станува за нов новинар, туку за Ермис- првиот грчки виртуелен презентер создаден со вештачка интелигенција, јави дописничката на МИА од Атина.

Ермис во неговата четири минутна премиера на телевизија, ја презентираше програмата на информативниот канал ERTNEWS на државната телевизија, но и ја најави дебатата меѓу политичките лидер закажана за следната среда, токму на ЕРТ. 

Рече дека требаше најавата да ја направи новинарот кој ќе биде модератор на дебатата.

-Но, поради обемот на работа ме мобилизираа мене. Вистината е дека сè што барав беше да имам една пилот емисија. Но, се чини дека им дадов идеи. Велат, секогаш сакаат да ги следат последните трендови на технологијата, објасни првиот грчки виртуелен ТВ презентер создаден со вештачка интелигенција

Дополнително, откако соопшти одредени информации за информативниот канал на ЕРТ истакна дека не сака да ја оспори способноста на вработените во телевизијата, но и се извини за евентуалните грешки.

-Ви благодарам за вниманието и ве молам да покажете разбирање за евентуални грешки. Вашите поплаки, Ве молам упатете ги до мојот програмер. Пријатно попладне, рече Ермис.