ВИДЕО | “ЗБОГУМ!“ – Седум минути чиста емоција! Реал Мадрид на трогателен начин се ‘прости’ од Карим Бензема – навивачите оставени со солзи во очите гледајќи го ова видео – погледнете!

Карим Бензема реши да не го продолжи договорот со Реал Мадрид и по 14 години да го напушти клубот, а како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Ал Итихад од Саудиска Арабија.

Да потсетиме, неговиот договор со Реал Мадрид истече во јуни оваа година, а славниот француски голгетер донесе шокантна одлука која ги растажи навивачите на шпанскиот великан.

Со оглед на тоа дека Карим Бензема во иднина нема да го носи дресот на Реал Мадрид, навивачите на емотивен начин се простија од напаѓачот.

Имено, клубот на социјалната мрежа Твитер објави седумминутна видео-снимка со наслов – „Грасијас Карим“.

Карим Бензема од 2009 година го носеше дресот на Реал Мадрид и за шпанскиот великан играше 14 сезони во кои го освои секој можен трофеј.

Со Реал Мадрид освои 25 титули, што е рекордна бројка за клубот. Ја освои Лигата на шампионите пет пати, четири титули во Ла Лига, три Копа дел Реј, четири шпански Суперкупа и исто толку европски, како и пет светски клупски првенства.