ВИДЕО | КАКВО ‘ШОУ’ ВО КРЕМЉ – Владимир Путин живее во филм на ‘историски император’! Рускиот ‘модерен цар’ извадил карта од XVII век и кажал: “Французите го направија ова…“

Валериј Зоркин, претседателот на рускиот Уставен суд, претходниот ден остварил средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, на која покажал карта од XVII век. Претседателот на рускиот Уставен суд кажал дека се работи за француска карта која е направена во времето на кралот Луј XIV и додал дека е јасно дека Украина ја нема никаде на картата.

Најдовме копија од карта од XVII век која е направена во времето на Луј XIV. Поточно, ова е средината на XVII век, а картата ја изработиле самите Французи. Зошто го донесов ова пред Владимир Владимирович – таму ја нема Украина!“, рекол Валериј Зоркин, а Владимир Путин се согласи со него и кажал:„Се разбира, така е“.

Не постои Украина. На две места има раб. Работ на Комонвелтот, таму јужно до Франковск, и работ на Козаците… И големото Кралство Русија. Зошто сепак ризикувам да ви ја покажам оваа карта ? Па, затоа што имаше многу шпекулации за тоа од каде потекнува и како дошло до сето тоа“, рекол Валериј Зоркин во своето излагање пред Владимир Путин.

Знаеме дека овие земји едноставно беа дел од Комонвелтот, а потоа побараа да бидат дел од московското кралство. Тоа е се. И тие завршија како дел од московското кралство. И дури тогаш, по Октомвриската револуција, почнаа да се создаваат секакви квази држави, а советската Влада ја создаде Советска Украина. Сите овие се познати факти. Дотогаш во историјата на човештвото не беше создадена Украина, триумфално заклучил Владимир Путин.