ВИДЕО | Кармата е вистинско чудо! Погледнете што му се случи на овој возач кој се лепел за автомобилот пред него – неверојатно

Возачите кои се „лепат“ до автомобилот пред нив односно кои се возат на „опашката“ на автомобилот пред нив не се ретки и секојдневно предизвикуваат проблеми во сообраќајкот. Многу често, во ретровизорот можеме да видиме како возачот на автомобилот зад нас буквално „влегува во нашиот багажник“.

Од Австралија на Интернет се шири видео од возач на автомобил марка „Ford Ranger“ кој практично го залепил своето возило на автомобилот пред него, но по вториот обид кармата го тргнала својот тек и си го направила своето.

Откако го допрел автомобилот пред него, се активирале воздушните перничиња на возачот на автомобилот марка „Ford“.

Според податоците од камерата поставена на задниот дел на автомобилот марка „Jaguar“, двата автомобили првично се движеле со околу 60 km/h, но нивната брзина постепено паднала на 50, а потоа и на 40 km/h.

Доволно за возачот на автомобилот „Ford“ да го сфати тоа како провокација и предизвика намерна или ненамерна несреќа.