(ВИДЕО) Костиќ е херој, Јувентус му нанесе пораз на Интер!

Фудбалерите на Јувентус вторпат оваа сезона во Серија А му нанесоа пораз на Интер, овојпат на „Џузепе Меаца“ со 0-1 (0-1). Дуелот од 27. коло на калчото го одлучи единствениот погодок на Филип Костиќ во првото полувреме, кој предизвика контроверзии. Интер беше подобар на теренот, повеќе се закануваше и кружеше, ама не успеа да дојде до погодок.