ВИДЕО | Кошаркарот на Барселона стана хит откако ги загуби забите на необичен начин

Кошаркарите на Реал Мадрид се пласираа на фајналфорот во Евролигата откако во Каунас ја совладаа Барселона со 78:66, а пресметката меѓу шпанските ривали ја одбележа и тежок пад на фудбалерот на Барселона, Рокас Јокубаитис, кој остана без заби.

Несекојдневна сцена се случи во втората четвртина кога Литванецот загуби рамнотежа при една пенетрација и силно го удри лицето по подот, што резултираше со скршеница на два предни заба.

После тоа, камерите во еден момент го зумираа на клупата на резервните играчи, каде со широка насмевка јасно се забележуваше дека остана без два заба, а видеото очекувано стана хит на социјалните мрежи.

И покрај се, Јокубаитис продолжи да игра, но ниту тоа не беше доволно Барса да избегне пораз од лутиот ривал.

Така Барселона и Монако в недела (16 часот) ќе се борат за третото место во предиграта на големото финале, во кое од 19 часот ќе се соочат Реал Мадрид и Олимпијакос за победничкиот пехар.