(ВИДЕО) Меси со свирежи неславно испратен од ПСЖ

Лионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар за Пари Сен Жермен, а навивачите на францускиот клуб го исвиркаа и се простија од овој клуб на начин кој никој не сака да го гледа.

Меси беше дел од стартната постава која играше против Клермон во натпреварот со кој се прослави новата титула на францускиот шампион. Сепак, збогувањето со дресот на ПСЖ, Аргентинецот нема да го памети по убави работи.

Веќе беше потврдено дека ова ќе биде последен натпревар за Меси во дресот на ПСЖ, откако му истече договорот, а сѐ уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата, иако се шпекулира за заминување во Саудиска Арабија или враќање во Барселона.

Меси очекувано не доби овации од своите навивачи во последниот натпревар. Можеби најтешкиот момент во неговата богата кариера бидејќи на збогувањето во неколку наврати беше исвиркан.

Свирежите почнаа пред натпреварот. 35-годишниот великан доживеа исвиркување од целиот стадион неколку моменти пред неговото име да биде претставено пред почетокот.

Подоцна промаши зицер. Килјан Мбапе одлично го проигра, му сервираше на тацна, но ударот на Меси беше катастрофален. По оваа шанса следеа свирежи.

Одговорот на Меси беше таков што веднаш по последниот свиреж отиде директно во соблекувалната, без да ги поздрави навивачите, па дури и оние што дојдоа за да го поздрават. Нема сомнеж дека ова беа неуспешни неколку месеци во кариерата на Меси.