ВИДЕО | Многумина само поради неа ја гледаа Евровизијата! Топ моделот и голема ѕвезда ги освои срцата на сите – погледнете како изгледа

Бланка (Бланка Стајков) е 23-годишна полска пејачка која оваа година ја претставува Полска на Евровизија, а првата песна ја напишала на само 14 години!

Својот талент го усовршила со посетување на разни школи за пеење и танцување во Соединетите Американски Држави, каде што ги одржала своите први настапи во различни ресторани и кафулиња. За време на настапите, таа не само што пеела, туку и свирела на гитара, а самата тврди дека овие настапи и помогнале да стекне самодоверба како изведувач.

Бланка Стајков

По враќањето во Полска, таа почнала да се занимава и со диџејство, но и да пее и танцува, а се појави и во последното издание на шоуто „Top Model“, кое и даде голема популарност на социјалните мрежи. Бланка ги освои срцата на многу обожаватели и неодамна ги премина вртоглаво високите 10 милиони слушања на палтформата за музика Spotify и има вкупно 33 милиони прегледи на нејзините песни!

Оваа мултиталентирана полска музичка ѕвезда ја претставува својата земја со песната „Solo“, сингл за љубовта кој се испостави дека е лажен. Песната е придружена со енергичен ритам преку кој Бланка им испраќа порака на слушателите да научат да кажат „доста е“ и ги повикува да сфатат дека им е подобро да бидат „соло“ односно слободни. Овој денс сингл едноставно нема да ви излезе од глава, а убавата Бланка маѓепса и со видео во кое покажува колку се забавува.

Исто така, заразниот сингл на Бланка го инспирираше дуото Audiosoulz кое направи одличен ремикс на песната „Solo“. Новата верзија го носи синглот во клупско светло со неговиот побрз ритам и мелодија, создаден за танцување до раните утрински часови.