ВИДЕО | “Не ги користете, тие се перат само еднаш годишно!“ – поранешна хотелска работничка објави видео со кое ги згрози социјалните мрежи и ги остави во шок луѓето

Видео објавено на социјалната мрежа Тик Ток од Џенеса Ричард од Канада стана хит на Интернет откако ги откри тајните за гостопримството што ги научила додека работела во хотел.

Прво, таа ги советуваше своите следбеници да не лежат на прекривката на креветот од хотелот, бидејќи не се перат толку често како постелнината што ја користиме во нашите домови.

Работев во хотел пред неколку години и би сакала да споделам некои тајни кои можеби не сте ги знаеле. Повеќето хотели не ги перат покривките помеѓу смените на гостите во собата. Страшното е што тоа се прави само еднаш годишно – не легнувајте го на нив!“, предупредува жената во видеото.

Џенеса Ричард исто така препорачува и избегнување на пиење од чашите што се достапни во собите.

Речиси секоја соба што ја резервирате има шише со вода за пиење и чаши. Не пијте од нив, бидејќи тие не се менуваат додека се менуваат гостите! Секако, се менуваат ако гостите видат дека пиеле од нив, но ако изгледаат како да не ги допреле, го чекаат следниот гостин“, открива оваа жена.

Таа посочува и дека не треба да се шетате боси по тепихот, бидејќи иако редовно се вакуумира, многу ретко се чисти длабоко. Сепак, таа опиша и некои позитивни аспекти од престојот во хотелот.

Ако имаме слободни соби, можеме да ве наградиме со подобар апартман или да ви дадеме подобра соба без никаква наплата. Некои хотели имаат политика на ‘100% задоволство’, што значи дека ако нешто не ви се допаѓа, кажете му на менаџерот и ќе го добиете во вашата соба“, вели таа во видеото.

Нејзиниот последен совет е поврзан со појадокот, а се однесува на тоа дека можете да побарате од персоналот да ви подготви пакет со оброк, кој можете да го понесете со себе, доколку не дојдете на време за појадок.

Под нејзиното видео се појавија бројни собарки кои тврдат дека во нивните хотели се перат покривките, но во исто време рекоа дека знаат многу хотели каде што не го прават тоа редовно, а многу корисници на социјланата мрежа останаа во шок и неверување од овие тврдења.