(ВИДЕО) Новиот гол на Роналдо ремек дело од слободен удар

Ал Наср стигна до нова победа, а Кристијано Роналдо до нов гол. Неговиот тим од 26-тата минута губеше на домашен терен со 0:1 од тимот на Абха, а во 78-та Роналдо од слободен удар постигна убав гол за 1:1. Во 86-тата Талиска од пенал постигнува гол за 2:1 што се покажа како конечен резултат. Роналдо со овој гол стигна до 9 постигнати погодоци во Саудиска Арабија.