ВИДЕО | Оваа жена ја снимила прославата по повод 50 години од матура, а снимката е вистински хит! Погледнете како се забавуваат: “Тие танцуваат како тинејџери, браво!“

Ова видео деновиве со огромна брзина се шири на социјалните мрежи во регионот и стана вистински хит, а воодушеви и многу луѓе. 

Оваа вирална видео-снимка ја објавила една жена по име Даница, која покажува како изгледа да се прослават 50 години од матурата.

На видеото може да се видат матуранти како танцуваат на познатиот музички хит „Let’s Go Crazy“.

Видеото брзо стана апсолутен хит на социјалните мрежи, а многумина коментираа дека одамна не виделе ништо послатко.

Убаво е да се види вакво нешто“, „Колку ми е слатко ова“. Ние ни по 5 години матура не можевме да се собереме“, „Боже, ги гледам и замислувам како им е изгледала младоста ако сега им е вака“, се само дел од коментарите оставени под видеото.