ВИДЕО | Потресна исповед на српска инфлуенсерка која го шокираше целиот Балкан: “Мајка ми ме остави! Забременила на 16 години и го терал нејзиниот брат да ја гази на стомакот…“

Српската инфлуенсерка Билјана Стојиљковиќ, попозната како Биџован, ја откри шокантната вистина за себе а со тоа ја остави јавноста во неверување.

Оваа девојка важеше за една од најпопуларните инфлуенсерки во Србија, која се здоби со популарноста преку стрипови. Девојката неодамна се повлече од социјалните мрежи, а сега ги откри причините за тоа.

Таа се врати и сега ја шокираше балканската јавноста со најновото видео кое го објави на својот канал на Јутјуб. Билјана Стојиљковиќ, попозната како Биџован, откри дека нејзината биолошка мајка ја оставила веднаш по раѓањето.

Таа објаснува дека нејзината мајка се обидела со сите средства да абортира во текот на деведесеттите години од нејзиниот живот. Таа се согласила на различни методи, скокнала од височина, го терала брат и да ѝ го гази стомакот, но по бројните неуспешни обиди сфатила дека не може да направи ништо. Тогаш мајка и решила да ја остави, а Билјана не крие дека се борела со самоубиствени мисли во текот на животот. Таа со своето најново видео им се обрати на сите кои се чувствуваат исто како неа и порача:

Пребарував на Интернет безброј пати како да се убијам… Смислував како да го режирам сопственото убиство за да испадне дека е спонтано, а не самоубиство. Има една жена која забременила на 16 години, живеела во Косово во деведесетите, сите знаеме каква е ситуацијата таму. Девет месеци се обидувала да абортира, скокнала од височина, го терала брат и да ѝ згази на стомак, и не успеала да абортира. Кога родила, логично не го задржала детето. Тоа е мојата мајка“, открила Билјана и додала:

Да, тоа дете бев јас. Бев напуштена од раѓање од мојата биолошка мајка… Решив после се да ја запознаам, заслужувам да го знам своето потекло, мојата историја, јас како јас, сакам да знам. Тоа што таа го направила, го направила. Некој се откажа од своето дете, не сакам да се сожалувам поради тоа. Тоа искуство е најголемиот благослов. Љубовта е избор“, заклучила девојката.

Многумина во коментарите и се заблагодарија за силната порака што ја испрати, а некои не криеја дека нејзиното признание ги довело до солзи на очите. Погледнете го видеото и слушнете ја потресната приказна на оваа девојка.