(ВИДЕО) Руски командант упадна во украински ров, уби петмина и зароби двајца војници

На социјалните мрежи е објавено видео од војник на вооружените сили на Руската Федерација како сам напаѓа непријателски ров.

Станува збор за командантот Александар Малцев. На 10 март 2022 година, додека извршувал борбена мисија, убич пет непријателски војници и заробил двајца украински војници, од кои едниот бил ранет.

Малцев загинал три дена по заземањето на непријателскиот ров. Тој го покрил повлекувањето на својата напаѓачка група. Пред тоа три дена континуирано учествувал во јуришни операции за заземање и држење на непријателските упоришта.

Според колегите, групата од шест лица, под команда на „Кубан“, тргнала во битка – да го заземе упориштето на непријателот.

Во таа битка, според кажувањата на соборците, „Кубан“ ги покривал своите колеги. Со тоа го привлекол вниманието на непријателот кон себе.

Медиумите јавуваат дека војниците сега собираат документи за на Александар Викторович Малцев постхумно да му биде доделена титулата Херој на Руската Федерација.