ВИДЕО | Сакала да направи добро дело но (не)намерно предизвикала ужас! Позната инфлуенсерка ја открила локацијата на украинските војници, а набрзо следел крвав руски напад: “За сè е виновна таа!“

Ана Алкимова, која има 600.000 следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, објавила апел за помош до клиниката во градот Днипро на истокот на Украина, велејќи дека во нејзина близина има повредени украински војници, пишува Daily Mail.

Неколку часа по нејзината објава во четвртокот, руски ракетен напад ја погодил болницата, при што животот го загубиле четири лица, а биле повредени 30 други, меѓу кои две момчиња на возраст од три и шест години.

Нападот, кој ја претворил зградата во куп запалени урнатини, беше осуден од украинскиот претседател Володимир Зеленски како злосторство против човештвото.

Во својата објава девојката напишала дека болничките одделенија 6 и 9 лекуваат голем број воени лица и дека им е потребна помош.

Таа наводно ги повикала своите следбеници да им помогнат на бранителите на земјата со носење облека и храна до собирните пунктови.

Локалните медиуми ја обвинија дека објавила информации што им овозможиле на руските воени сили да ја таргетираат клиниката.

Ана Алкимова потоа, наводно, ја избришала својата објава, која содржела информации за украинската војска и болница која се смета за чувствителна точка.

Украина е во воена состојба од февруари 2022 година и официјалните лица постојано ги предупредуваат влијателните луѓе и медиумите да не објавуваат чувствителни информации што може да бидат искористени од Русија.

Откако беше критикувана за споделување информации, инфлуенсерката се бранела велејќи: „Вчера ставив објава на Интернет бидејќи веќе ја објавија половина од жителите на Днипро“, и додала: „И дозволете ми да ве потсетам дека јас сум една од ретките инфлуенсери кои ги полнат своите објави со информации за војната и против Русија“.

„Волонтирав и ја поддржував Украина уште од првите денови на војната“, нагласила таа.

Ана Алкимова продолжила и кажала: „Но, извинете за тоа, бидејќи треба да ме објавувате на вашите глупави канали дека сум виновна…“.

Володимир Зеленски го осуди рускиот напад како „злосторство против човештвото“. Украинскиот претседател кажа дека биле погодени психолошка клиника и ветеринарна клиника и додаде: „Само зла држава може да се бори против клиниките. Не може да има воена цел. Тоа е чист руски терор“.

Последици од нападот на болницата во Днипро

Регионалниот гувернер Серхиј Лисак изјавил дека 69-годишен маж загинал додека поминувал покрај клиниката, а телото на друг маж било извлечено од урнатините.

Уште двајца мажи подоцна биле пронајдени мртви во урнатините“, кажал Серхиј Лисак, додавајќи дека 30 лица се ранети, меѓу кои и две деца.

Министерството за одбрана на Украина го нарече нападот сериозно воено злосторство според Женевската конвенција, која одредува како војниците и цивилите треба да се третираат во војна.

Москва ги отфрли обвинувањата дека нејзините војници извршиле воени злосторства и негира дека тие намерно биле насочени кон цивили, иако често бомбардираше градови низ Украина од почетокот на инвазијата пред 15 месеци.

Државната служба за вонредни состојби на Украина во петокот го соопшти следново: „Како резултат на ракетен напад, делумно е уништена трикатна зграда на медицинска установа, по што дошло до пожар што ја зафатил и соседната зграда. Пожарот во здравствената установа е изгаснат на површина од 1.000 метри квадратни“.

Украинските власти подоцна објавија дека во нападот загинале четири лица, пишува Daily Mail.