ВИДЕО | ‘ТРЕТА ФРАНЦУСКА РЕВОЛУЦИЈА’ – Вака Французите го прославија 1. мај: Стотици илјади демонстранти излегоа на улиците, уништувајќи се пред себе!

Најмалку 108 полицајци се повредени во понеделникот во Франција, од кои дваесет во Париз, на собирите по повод Меѓународниот ден на трудот“, ова го изјави францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманин, додавајќи дека 291 лице се приведени низ целата земја. вклучувајќи 90 во главниот град.

Таков број повредени припадници на безбедносните сили е исклучително редок на 1. мај“, додал министерот за внатрешни работи и порача дека најостро го осудува насилството.

Полицаецот кој беше погоден со молотов коктел во Париз има изгореници по лицето и рацете, но неговиот живот не е во опасност“, изјавил Жерар Дарманин.

Во понеделникот неколку стотици илјади луѓе ширум Франција учествуваа на првомајските паради, кои беа обележани со протести на обединетите синдикати против пензиските реформи и насилството.

Генералната секретарка на CGT, Софи Бине, кажа дека е многу задоволна од големиот одѕив што ја покажува решеноста да се повлече пензиската реформа, а нејзиниот колега од CFDT, Лоран Бергер, ја пофали „големата мобилизација“ на 1. мај.

Иако одѕивот бил далеку од рекордното ниво на крајот на јануари, кога, според проценката на МВР, на улица излегле речиси 1,3 милиони луѓе, овогодинешниот празник на трудот успеа да собере поголем број луѓе од вообичаеното.

CGT проценува дека на протестот во Париз учествувале околу 550.000 луѓе и 2,3 милиони во цела ФранцијаМВР смета дека низ земјава се собрале 782.000 луѓе, од кои 112.000 во Париз.

Во Париз јавниот ред и мир го одржуваа 5.000 полицајци, а поворката започнала во 14 часот по средноевропско време, со учество на синдикалци од целиот свет.

Париз, Франција

Но, првите бројки покажуваат дека сепак не станува збор за „плимски бран“.

Според полицијата, во Стразбур се собрале 8.700 луѓе, но синдикатите тврдат дека се собрале 15.000. Во Лил имало 7.300 (т.е. 15.000 според синдикатот), во Марезил 11.000 (13.000 според синдикатите).

Во цела Франција 1. мај на „борбен“ начин го прославија од 500.000 до 650.000 луѓе, од кои 80.000 до 100.000 во Париз. Синдикатите тврдат дека до милион луѓе се собрале низ Франција.

Противниците на реформата на пензискиот систем јасно ставија до знаење дека се решени да се борат оваа реформа да се повлече.

Париз, Франција

Денот на трудот беше одбележан и со прекини во воздушниот сообраќај, со 25% до 33% од откажаните летови на најголемите аеродроми во оваа земја.

Најголемите синдикални акции се забележани во 2009 година, кога CGT мобилизираше речиси 1,2 милиони работници на улиците.

Во 2002 година, синдикатите се обединија во своето противење на лидерот на екстремната десница Жан-Мари Ле Пен во вториот круг од претседателските избори, со што на улица изведоа 900.000 до 1,3 милиони луѓе.

Во Париз беа мобилизирани 5.000 полицајци за одржување на јавниот ред, но сепак имаше и немири во главниот град и другите градови.

Париз, Франција

Француската полиција се судрила со група анархисти облечени во црно и самите биле гаѓани со предмети во Париз, каде вандалите палеле велосипеди и уништувале автобуски станици, пишува медиумската агенција Reuters.

Денеска беше 13-ти ден по ред од синдикалните протести против омразената пензиска реформа на претседателот Емануел Макрон.

Париз, Франција