ВИДЕО | Шокантни сцени го потресоа светот на фудбалот: Фудбалерот на Монпелје дозна за смртта на мајка си и донесе одлука која длабоко ги трогна сите

Шокантни сцени се забележани оваа сабота на „Stade de la Beaujoire“ во Нант.

Фудбалскиот репрезентативец на ГвинејаИсијага Сила, доживеа сериозна семејна трагедија пред натпреварот, но сепак најде сили и излезе на теренот заедно со соиграчите кои му даваа поддршка.

Неговата мајка починала токму пред почетокот на натпреварот, а Исијага Сила ја дознал шокантната вест непосредно пред натпреварот. Крилниот напаѓач на Монпелје му помогна на својот тим да победи со 3:0 на гостувањето кај Нант.

Исијага Сила го започнал натпреварот од првата минута, а неговите соиграчи се обиделе да го утешат пред почетокот на натпреварот, а солзите на неговото лице ги растажија сите присутни на стадионот, но и оние кои го следеа овој натпревар на малите екрани.

Исијага Сила оваа сезона одигра 32 натпревари за Монпелје и забележа еден гол и три асистенции.