ВИДЕО | Што прави познатиот актер на ѕидот од хотелот во кој престојувал !? Минувачите во страв за неговиот живот, а тој сакал само да привлече внимание !?

Познатиот холивудски актер, Џаред Лето (51 г.), е снимен во понеделникот во Берлин како виси на ѕидовите на хотелот „Rome“ додека зачудените минувачи гледале да не се лизне и да не падне.

Џаред Лето
Џаред Лето

Џаред Лето, за среќа, не бил на голема височина, но со оглед на тоа што немал заштитна опрема, сепак можел тешко да се повреди. Профилите на Pop Crave и Daily Mail на социјалната мрежа Твитер објавија фотографии и видеа од него како се качува по ѕидот на хотелот, но никој не знаеше зошто го прави тоа.

Актерот и музичар претходно бил виден пред еден хотел во Берлин со неговата нова девојка Тет Тин (27 г.). Ова беше нивно прво јавно појавување заедно.

Британскиот филмски критичар Марк Кермод во критиките за последните неколку филмови на Џаред Лето кажа дека актерот станал неподносливо претенциозен во своите улоги и во јавните настапи.

Тој вреска, внимавајте на него. Вели: ‘Погледнете ги моите филмови, заслужувам Оскар’. Тој не е добар актер, тој е само претенциозен и тоа е се“, изјави тогаш Марк Кермоде.

Качувањето на ѕидот од хотелот на Џаред Лето веројатно бил уште еден обид да се сврти вниманието на присутните, бидејќи како што рекле присутните „Ниту спасуваше мачка, ниту го заборави клучот од собата, па се обидуваше да влезе низ прозорецот, којзнае што сакаше“.