ВИДЕО | Ќерката на српскиот медиумски гигант Жељко Митровиќ ја обнови својата врска со ‘кралот на ураниумот’: Ги избришаа фотографиите, а по раскинувањето милијардерот и приредил невидено изненадување за помирување

Кристина Митровиќ и украинскиот милијардер Илија раскинаа на почетокот на јануари годинава, а тогаш беше објавено дека ќерката на Жељко Митровиќ го напуштила својот вереник. Парот тогаш ги избришаа сите заеднички фотографии од профилите на социјалните мрежи, а четири месеци подоцна дојде до нивно помирување, пишуваат соседните магазини.

Кристина и нејзиниот сакан повторно се вљубени, со што се пофалија на социјалните мрежи, а милијардерот и приредил романтично изненадување со најубавите љубовни зборови. „Те сакам“, пишувало во базенот исполнет со ливчиња од роза, а потврдата за обновата на љубовта ја објавил Илија, наследникот на кралот на ураниумот, кој не штедел на скапи подароци и патувања за својата свршеница. 

Со луксузниот живот што го водат редовно се „рекламираат“ на социјалната мрежа Инстаграм, па очигледно ќе ја продолжат „традицијата“, бидејќи во нивната врска повторно цветаат цвеќиња. Покрај тоа, Илија и го честиташе роденденот на Милица Митровиќ испраќајќи и објава на неговиот профил: „На оваа феноменална жена искрено и посакувам најсреќен роденден. Како што секогаш велев, прекрасна жена и голема ѕвезда“, напишал милијардерот на идната свекрва, сопругата на српскиот милионер, Жељко Митровиќ

Кристина е во врска со Илија, кој е еден од најмладите милијардери во светот, од февруари 2019 година, а се верија една година подоцна, во 2020 година. 

Погледнете што добила Кристина еднаш од нејзиниот вереник ОВДЕ.